lundi 2 octobre 2023

АЛКАНИ - вежби

https://www.blogger.com/u/1/blog/post/edit/1079539781814388744/4035746591524867362 


ВЕЖБИ Тема: АЛКАНИ

1. Дополни ги следните искази:

♣   Молекулска формула на алкан со 28 водородни атоми е _____________ .
♣  Со дехидрогенација на пропан се добива ________________________.
♣  Фичички својства на алканите се  ____________________________________.
♣  Видови изомерија која се сретнува кај алканите________________________. 
♣ Методи за добивање на алкани се _________________________________________ .
♣   Молекулска формула на алкан со 7 јаглеродни атоми е ________________.
♣   Рационална формула на алкан со 6 водородни атоми е _____________ .
♣  Со дехидрогенација на бутан се добива ________________________.
♣  Со  супституција на етан со бром (во молски однос 1:1) се добива ___________.
♣  Со дехидрогенација на етан се добива ________________________.
♣  Алканите се употребуваат за ________________________________________.
♣  Радикалите на алканите завршуваат на наставката _______.
♣  Имињата на алканите завршуваат на наставката  ______________.
♣  Хомологија е ________________________________________________.
♣  Првите четири претставници на алканите имаат __________________ имиња.
♣ За да има изомерија на низа кај алканите мора да има најмалку  _____ С атоми.
                                                                                                                                                                                                                                                                                                 
2. Заокружи го знакот ♣ пред точните искази, а неточните корегирај ги:

♣  Алканите се поларни соединенија и се раствораат во неполарни растворувачи.

♣ Алканите најчесто стапуваат во реакции на полимеризација.

♣  Алканите не содржат функционална група.

♣  Кај метан се јавува изомерија на низа.

♣  Кај алканите е можна геометриска изомерија.

♣  Кај етан е можна конформациона изомерија.

♣  Кај алканите е можна оптичка изомерија.

♣ Со дехидрогенација(елиминација на водород) од бутан се добива пентен

♣  Алканите се неполарни соединенија и се раствораат во поларни растворувачи.

♣ Алканите најчесто стапуваат во реакции на адиција.

♣ Со дехидрогенација (елиминација на водород) од пентан се добива бутан
                                                                                                                                                            
3. a) Долунаведените соединенија напиши ги со рационална формула:

     3-етил-2,3-диметилоктан    4-етил-3-метилхептaн ♣ 2,2-диметилхексан

♣ 2,3-диметилхексан   ♣ 3,4-диетил-2-метилхептaн ♣ 4-етил-2,2,3-триметилнонан

♣ 4-етил-2,3-диметилхептан    ♣ 2,4,5-триметилхептaн     ♣ 3-етил-2,2,3-триметилоктан

♣ 2,3-диметилбутан    ♣ 3-етил-3-метилхексaн ♣ 2,2-диметилпентан

б) Именувај ги следните соединенијa:

♣ CH3-CH2-CH(C2H5)- CH2-CH3          CH3-C(CH3)2-CН(CH3)-CH2-CH3
          
♣ CH3-CH(CH3)-CH2-C(C2H5)2-(CH2)2-CH3      CH3-C(CH3)2-CН(CH3)-CH2-CH3
                   
♣ CH3-(CH2)3-CH(C2H5)-(CH2)2 - CH3      ♣  CH3-CH(CH3) -CН(CH3)-CH2-CH3
                                                             
3. Напиши ги реакциите и именувај ги продуктите при:

а) Добивање на метан, етан, пропан, бутан, пентан по сите методи што ги знаеш

б) Супституција на метан, етан, пропан, бутан, пентан со хлор, бром (во молски однос 1:1)

в) Горење на метан, етан, пропан, бутан, пентан, хексан, октан ........

4. Пресметај: 
А) Колкава маса и волумен на бутан е потребно за реакција со 1,2 kg кислород при стандардни услови? Ar(C)=12; Ar(H)=1; Ar(O)=16.
Б) Колкава маса и волумен на кислород е потребно за согорување на 25 kg хексан при стандардни услови? 
В) Колкава маса и волумен на хлор е потребно за реакција на супституција на етан во молски однос 1:1 при стандардни услови? Ar(Cl)=35,45.
Г) Колкава маса и волумен на јаглерод диоксид и вода се ослободува при реакција на 2,5 kg пентан при стандардни услови?

Aucun commentaire:

Enregistrer un commentaire