https://www.blogger.com/u/1/blog/post/edit/1079539781814388744/4035746591524867362
ВЕЖБИ Тема: АЛКАНИ
1. Дополни ги следните искази:
♣ Молекулска формула на алкан со 28 водородни атоми е _____________ .
♣ Со дехидрогенација на пропан се добива ________________________.
♣ Фичички својства на алканите се ____________________________________.
♣ Видови изомерија која се сретнува кај алканите________________________.
♣ Методи за добивање на алкани се _________________________________________ .
♣ Молекулска формула на алкан со 7 јаглеродни атоми е ________________.
♣ Рационална формула на алкан со 6 водородни атоми е _____________ .
♣ Со дехидрогенација на бутан се добива ________________________.
♣ Со супституција на етан со бром (во молски однос 1:1) се добива ___________.
♣ Со дехидрогенација на етан се добива ________________________.
♣ Алканите се употребуваат за ________________________________________.
♣ Радикалите на алканите завршуваат на наставката _______.
♣ Имињата на алканите завршуваат на наставката ______________.
♣ Хомологија е ________________________________________________.
♣ Првите четири претставници на алканите имаат __________________ имиња.
♣ За да има изомерија на низа кај алканите мора да има најмалку _____ С атоми.
2. Заокружи го знакот ♣ пред точните искази, а неточните корегирај ги:
♣ Алканите се поларни соединенија и се раствораат во неполарни растворувачи.
♣ Алканите најчесто стапуваат во реакции на полимеризација.
♣ Алканите не содржат функционална група.
♣ Кај метан се јавува изомерија на низа.
♣ Кај алканите е можна геометриска изомерија.
♣ Кај етан е можна конформациона изомерија.
♣ Кај алканите е можна оптичка изомерија.
♣ Со дехидрогенација(елиминација на водород) од бутан се добива пентен
♣ Алканите се неполарни соединенија и се раствораат во поларни растворувачи.
♣ Алканите најчесто стапуваат во реакции на адиција.
♣ Со дехидрогенација (елиминација на водород) од пентан се добива бутан
3. a) Долунаведените соединенија напиши ги со рационална формула:
♣ 3-етил-2,3-диметилоктан ♣ 4-етил-3-метилхептaн ♣ 2,2-диметилхексан
♣ 2,3-диметилхексан ♣ 3,4-диетил-2-метилхептaн ♣ 4-етил-2,2,3-триметилнонан
♣ 4-етил-2,3-диметилхептан ♣ 2,4,5-триметилхептaн ♣ 3-етил-2,2,3-триметилоктан
♣ 2,3-диметилбутан ♣ 3-етил-3-метилхексaн ♣ 2,2-диметилпентан
б) Именувај ги следните соединенијa:
♣ CH3-CH2-CH(C2H5)- CH2-CH3 ♣ CH3-C(CH3)2-CН(CH3)-CH2-CH3
♣ CH3-CH(CH3)-CH2-C(C2H5)2-(CH2)2-CH3 ♣ CH3-C(CH3)2-CН(CH3)-CH2-CH3
♣ CH3-(CH2)3-CH(C2H5)-(CH2)2 - CH3 ♣ CH3-CH(CH3) -CН(CH3)-CH2-CH3
3. Напиши ги реакциите и именувај ги продуктите при:
а) Добивање на метан, етан, пропан, бутан, пентан по сите методи што ги знаеш
б) Супституција на метан, етан, пропан, бутан, пентан со хлор, бром (во молски однос 1:1)
в) Горење на метан, етан, пропан, бутан, пентан, хексан, октан ........
4. Пресметај:
А) Колкава маса и волумен на бутан е потребно за реакција со 1,2 kg кислород при стандардни услови? Ar(C)=12; Ar(H)=1; Ar(O)=16.
Б) Колкава маса и волумен на кислород е потребно за согорување на 25 kg хексан при стандардни услови?
В) Колкава маса и волумен на хлор е потребно за реакција на супституција на етан во молски однос 1:1 при стандардни услови? Ar(Cl)=35,45.
Г) Колкава маса и волумен на јаглерод диоксид и вода се ослободува при реакција на 2,5 kg пентан при стандардни услови?