1. Поим и градба на алкините
а) Јаглеродните атоми од тројната врска кај алкините се___________ хибридизирани.
б) Општа формула на алкините е ________
в) Молекулска формула на алкин со 22 водородни атоми е _____________
2. Хомолошка низа и номенклатура на алкините
а) Како гласи името на алкините чија формула е:
1 2 3 4 5 6
CH3 − C ≡ C − CH2 − CH(CH3) −CH3
CH ≡ C – C(CH3)2− CH2 − CH2−CH3
б) Напиши ги рационалните формули на:
4-етил-3-метилхепт-1-ин 4,5-диметилхекс-2-ин
3. Изомерија кај алкините
Напиши примери за:
а) структурна изомерија: во низа и положбена за алкин со 6 и 7 јаглеродни атоми
б) функционална изомерија
4. Наоѓање и добивање на алкини
Напиши ги равенките на реакциите и именувај ги продуктите при:
а) Дехидрогенација (елиминација на водород-H2) од бутан
б) Дехалогенирање (елиминација на дихалоген-Cl2) од 1,1,2,2-тетрахлоробутан
в) Дехидрохалогенирање (елиминација на HCl) од 1,2-дихлоробутан
г) Добивање на етин од калциум карбид и вода
Aucun commentaire:
Enregistrer un commentaire